Кадетската репрезентација на Македонија загуби минимално 26:25 , откако на полувремето беше 12:12 на првиот контролен натпревар против силната Словенија.
Избраниците на Наум Танески парираа во текот на целиот натпревар против третопласирана репрезентација од последното ЕП за кадети.
Треба да се спомене и дека нашите кадети одиграа без носителите на играта Дамјан Митев, кој е со сениорскиот тим и Самоил Ристевски кој сеуште е повреден.




