Македонските репрезентативки Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска и нивниот тим Коњалтина ја освоија титулата во Купот на Турција.
Коњалти во финалето славеше против составот на Јаликавак со 30-21. Гакидова на овој натпревар даде 4, додека Ѓорѓиевска 3 погодоци, и беа помеѓу најзаслужните за победата на овој натпревар.




