Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски и нивниот тим Ваљадолид славеа во Асобал лигата против големиот фаворит Гранољерс со 36:30. Минатогодишниот финалист од Лигата на Европа изненадувачки загуби во дуелот со тимот на македонските интернационалци во Шпанија.
Дарко и Димитар во важната победа на Ваљадолид постигнаа по 3 погодоци, и останаа во игра 5. место на табелата во Асобал лигата.
Еден од головите на Димитар Димитриоски беше прекрасен цепелин и беше меѓу ТОП 10 погодоци на колото во Шпанија. Голот може да го погледнете на следниот ЛИНК.




