Доминантна победа на РК Алкалоид над ГРК Охрид 42-31 во рамки на плејофот од Суперлигата!
Најдобри стрелци кај Алкалоид беа Марко Стојковиќ и Марко Митев со по 7 гола, додека Мартин Серафимов и Дамјан Митев погодија по 6 пати. Одличен беше и голманот Благојче Трајкоски со 12 одбрани. Кај Охрид најдобар беше Матцуокс со 7 гола.
Суперлигашкиот плејоф продолжува на почетокот на мај, а РК Алкалоид следниот меч го игра со Вардар 1961, додека Охрид го пречекува Пролет.




