Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКО ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.

Илиоски вечерва славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли во салата „Јане Сандански“ во Скопје и се закити со шампионскиот појас.




