Македонскиот ракометен судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на најголемиот спортски настан ова лето – Олимписките игри, кои ќе се одржат во Париз.
Ова ќе биде четврта Олимпијада за Начевски и Николов откако судеа и во Лондон во 2012, Рио де Жанеиро во 2016 година и во Токио во 2021 година.




