понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Пелистер и Работнички обезбедија полуфинале

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
април 14, 2024
📁 Кошарка

Кошаркарите на Пелистер стигнаа и до третиот и решавачки поен во четвртфиналнаат серија против Еуро Никел 2005, на гостински терен. Делуваа посигурно, имаа постојано водство, во добар дел од мечот во „Јасмин“ беше и двоцифрено, сето тоа доволоно за да ја затворат, по „кратка постапка“, серијата со (3-0). и да закажат полуфнална серија против екипата на Работнички. 

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР           69:79 (0-3)

Првото полувреме помина во знакот на гостите од Битола. Имаа постојана предност битолчани во текот на тие 20.минути. Во првите десет имаа вишок од пет поени (20:15), а  во вторите, таа разлика ја удвоија, дури и повеќе од тоа.

Тимот кој го предводи тренерот Дарко Радуловиќ на „големиот одмор“ отиде со високи (42:30). Во голема мерка поради ефикасната игра на двоецот Маслинко-Планиниќ кои искомбинираа 25. поени во тој дел од третиот четвртфинален серијал. Но и ол-раунд изданието на Магдевски, кој собра четири поени, пет скока, и дури шест асистенции (играше неполни 12.минути).

Второто полувреме донесе многу подобра игра на кавадарчани. Го отворија со шест поени во серија на Врањеш… Следуваше една тројка на Смит Мек Свејн, и уште две на Дубински, и за неколку минути Еуро Никел 2005 стигна до израмнување (45:45).

За кратко, затоа што дојде и серијата на битолчани, од осум поени по ред, за враќање на солидна предност, (53:45). Успеаја пелистерцид а го одбијат тој напад на домаќините, а што беше исто добро за нив, во напасот „се појави“ и Мијовиќ, кој за кратко време дојде до 12.поени (макар седу мо од нив од линијата за слободни фрлања), и чување на водството (62:53), по три одиграни четвртини во „Јасмин“.

По три и пол минути игра во четвртиот период, Пелистер направи серија (10-4) по која се одвои на највисоки (72:57). А Магдевски сериозно се приближи до трипл-дабл ефект. Веќе имаше 13.поени, но и по осум скока и исто толку додавања.

Некоја минута подоцна веќе беа недостижни за Еуро Никел 2005, оние (60:79).

Пелистер во три чекори обезбедува полуфинале и серија со Работнички, кој синоќа го елиминира Феникс 2010, исто така во само три одиграни натпревари.

Магдевски застана на ефект од 18.поени, 10.скока и 8.асистенции, а претходно најголем дел од задачата завршија Планиниќ, кој имаше 19.поени и 7.скока, Маслинко, кој дојде до 18.поени и 9.скока, и Мијовиќ кој ги испрати со 14.реализации.

Во последниот натпревар во оваа сезона, Дубински реализираше 17.поени (и пет асистенции),Младеновиќ даде 12, а Смит Мек Свејн уште само десет поени за Еуро Никел 2005.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ТРЕТ НАТПРЕВАР

Еуро Никел 2005 – Пелистер** 69:79 (0-3)

ТФТ Моцарт – Чаир 2030           76:65 (2-1)

Феникс 2010 – Работнички**       91:106 (0-3)

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“ и системот „2-2-1“

** обезбедија место во полуфиналето на плеј-офот

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
ShareTweet
Претходна вест

Костески со 5 од 5 го водеше Плзен до победа

Следна вест

Одличниот Даниел Андоновски донесе бод за неговиот тим

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест
Одличниот Андоновски повторно МВП на колото во Италија

Одличниот Даниел Андоновски донесе бод за неговиот тим

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.