Порто славеше на гостувањето кај Бенфика со 39-37 по две продолженија во четвртфиналниот дуел, кој во регуларниот дел заврши 32-32. Порто со оваа победа се пласираше на завршниот турнир во Купот на Португалија.
Македонските репрезентативци одиграа одличен натпревар. Никола Митревски имаше 14 одбрани на голот на Порто, додека Филип Талески постигна 6 погодоци во дресот на Бенфика на овој напревар.




