Во полуфиналната серија од плеј-офот, Плзен на Никола Костески поведе со 1-0 против Копривнице, откако славеше со 40-26.
Македонскиот репрезентативец Никола Костески беше еден од најдобрите во полуфиналето и постигна 5 гола,а имаше и 3 украдени топки.
Повторно потегот на натпреварот беше дело на Никола Костески откако со соиграчите направија фантастичен цепелин исто како и во четвртфиналето.
На следниот ЛИНК може да го погледнете и фантастичниот цепелин од четврфиналето против Фридек- Мистек кој беше поставен и на страната на Чешката лига.




