ЦСКА Москва повторно ја освои титулата во Купот на Русија, откако во финалето победи против Ростов Дон после подобро изведување пенали со 30:29. Во регуларниот дел натпреварот заврши 23:23 (полувреме 12:12).
Сара Ристовска одигра одлично и постигна 4 погоци во финалето за тимот на ЦСКА Москва и е една од најзаслужните за титулата во Купот.




