Во израмнет натпревар, Тиквеш во последните минути славеше кај Пролет со 23-26 (полувреме 10-12) во 6.коло од плејофот во Суперлигата.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Ласко Андоновски со 5 погодоци, а Виктор Додевски го заврши мечот со 4 постигнати гола. Кај Тиквеш се издвои Мартин Манасков со 8 гола, а Темелкоски постигна 7 погодоци.
Во Битола шампионот Еурофарм Пелистер славеше со 34:23 против Струга. Кај победникот најефикасни беа Василев со 6 и Цехте со 5 погодоци, додека кај Струга најдобри стрелци беа Тренчевски и Бошњак, со по 8 гола




