Македонскиот репрезентативец Филип Талески и Бенфика обезбедија четвртфиналето во Купот на Португалија, откако славеа над Брага со 33:27.
Филип Талески беше помеѓу најдобрите стрелци во тимот на Бенфика со 5 гола и одличен во одбраната во текот на целиот натпревар.




