Ракометот во Струга е темел на едни поранешни успешни екипи кооишто и денес опстојуваат како екипа која е синоним за победи, пријателство и сплотеност.
Овојпат, ветеранките од ЖРК „Стружанка“ од Струга во април месец го пречекуваат тимот на Трабзон од Турција како резултат на спортското пријателство помеѓу овие две екипи.

Натпреварите ќе се одиграат на 7-ми и 9-ти април и ракометарките ги повикуваат сите љубители на спортот да бидат дел од овие натпревари.
„Ова се организира за да се докаже дека пријателството секогаш треба да се негува и во спортот,а спортската игра да биде фер и достоинствена како слика за тоа дека спортот не познава граници.“ – додаваат од клубот.





