Чешкиот шампион Талент Плзен и Никола Костески откако започнаа со тешка победа во првиот натпревар од четвртфиналето од плејофот со 35:33 над Фридек Мистек. Веќе на вториот меч покажаа зошто се актуелни шампиони и славеа со високи 33:23 и поведоа со 2:0 во серијата подобар од три добиени.
Македонскииот репрезентативец Никола Костески беше еден од најзаслужните и во втората победа на неговиот тим во четвртфиналето од плејофот во Чешка.
Костески како и на првиот натпревар од четвртфиналето и вчера заврши со 4 гола и неколку украдени топки.




