Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше убедливо на првиот пријателски натпревар во Подгорица против Црна Гора со 20-28.
Најефикасен во нашиот состав беше крилото Јован Петрески со 9 погодоци, пред Мартин Димовски со 4 гола. Во листата на стрелците со по 1 погодок се запишаа и останатите двајца стружани Филип Мечкароски и Филип Симоноски.




