Немаше дилеми околу победникот на средбата во салата „Младост“ во Гостивар, откако домашните славеа со високи 101:75.
Една четвртина, онаа првата, покажа кој е кој на овој натпревар. Во првите десет минути, Гостивар имаше скоро двојно повеќе дадени, од примени поени. Односно водство од (29:14), кое беше една добра основа за она што следуваше во преостанатите три.
А и во нив немаше ама баш никакви дилеми дека гостиварци ќе дојдат до победата. Затоа што на одморот веќе имаа позитива од 21.поен (52:31).
А и по одморот работите не се променија, воопшто. Гостиварци продолжија со ефикасната игра, по три четвртини беа уште подалеку, на резултат (79:50).
Одлични минути за Гостивар имаше Слејтер кој заврши со 30.поени (во три одиграни четвртини), Вилијамс го следеше со 19, Инграм со 16. реализации. Најмногу скокови во Гостивар оствари стружанецот Габриел Коскоски дури 11 заедно со Остен. А младиот репрезентативец Тома Стојаноски се врати на теренот со 12.поени како стартер, додека во екипата на Вардар, Хот дојде до дабл-дабл ефект. Младиот репрезентативец на Македонија постигна 16.поени, имаше и десет скока. Ист број на поени – 17, имаше и Митков, додека Кејс го заврши мечот со 13.поени и 9.скока.




