понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

Спектакуларно издание на 27 -та “Златна Бубамара”

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 24, 2024
📁 ЗАБАВА, МАГАЗИН
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

27-та република Златна бубамара траеше 4 и пол часа, а донесе радост и позитивно чувство за речиси 6-илјадната публика во арената „Борис Трајковски“ – барем за наредните 4 месеци. На манифестацијата со пеење и смеење, со учество на речиси 200 изведувачи на раскошно проектираната сцена, поделени се награди во 25 категории и истретирани се на комичен начин сите дијагнози на времето во кое живееме.

Вадењето пасоши и други лични документи, во кое е заглавена Македонија последнава година, беше главна инспирација на 27. Златна бубамара, која се одржа под мотото „Кој чека ќе дочека“. Посетителите се сликаа на обрасците за лична карта, издадени од 27-та република Златна бубамара, на име – Едно име имаме – со датум на издавање – денес, приквечер и со датум на траење – до тогаш и тогаш.



Пасошките авантури ги инспирираа и бројните скечеви, кои ги изведоа актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски од театарот „Комедија“, годинава засилени и со кумановскиот комичар Жарко Јовановиќ. Годинава голем кам-бек имаше и омилениот Сашко Коцев, кој урнебесно ја раскажа својата рецептура за групно сликање за пасош.
Интензивното празнење на Македонија беше уште едно од прашањата поставени на 27. Република Златна бубамара. Игор Џамбазов, кој е редовен учесник на ова шоу секоја година, во неповторлива придружба на кавал ја изрецитира „Тга за југ“ од веројатно најносталгичниот иселеник, преродбеничкиот поет Константин Миладинов. Игор во придружба на Гуру Харе ја отпеа својата верзија „Макдоникејшн“ на песната „Californication“ од „Ред хот чили пеперс“, која им ја посвети на сите кои живеат некаде далеку. Младиот пејач Давид Темелков, кој живее и работи на релација Скопје- Загреб, се вклучи во оваа сентиментална приказна со својата етно-песна „Мојата Македонија“.
Можеби најраспеано беше доделувањето на наградата за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски, кој во топ-форма, пет и пол децении по своите музички почетоци, отпеа колаж од своите незаборавни рефрени, кои сите во публиката – ги кренаа на нозе.
Годинава имаше многу танцување на Златната бубамара на популарноста. Се играше џајв, валцер, ча-ча-ча и тоа на домашни евергрини.Танчерите од повеќе танцувачки друштва одржаа мала лекција по најубавите светски танци во годината во која награда за афирмација на танцот доби Тодор Миладинов, танц-инструктор и афирматор на танцувањето кај нас.
Награди за трајни музички вредности добија и Жељко Самарџиќ во регионалната поп-музика, Нино Величковски во домашната народна музика и Рамбо Амадеус во својот уникатен пристап кон музиката.
На оваа 27. Златна бубамара настапија Ревијскиот оркестар под диригентската палка на Дијана Имери Илковска и Националниот џез-оркестар под диригентската палка на Џијан Емин. Нивните настапи, во ерата на снимки и матрици, ја потсети публиката на најголемите предности на музичките изведби – во живо.
Како и секогаш, Златната бубамара не ги заборави оние кои ја напуштија сцената оваа година. Се потсетивме на актерите Катина Иванова, Димче Мешковски и Мето Јовановски, на неповторливиот Феруз Мустафов, а Андријана Јаневска, Тамара Тодевска и Ленче Кукиќ отпеаа некои од најубавите рефрени на маестро Кире Костов.
Одбележани се и актерските и концертните достигнувања во минатата година, а интересна награда годинава освои графичкиот дизајнер Ласко Џуровски за дизајнирањето на македонските кирилични фонтови „Рацин“ и „Илинден“.
Концерт на годината имал Владо Јаневски за петте продадени концерти во Македонската филхармонија есенва, претстава на годината одигра ансамблот на театар „Комедија“ за претставата „Ало, ало“, за која карти се чекаат како термин за пасош, дует на годината имаа Александар и Дац со „Воли ме, сакај ме“, проект на годината е „Симбиоза“ на Танец и Националната опера и балет и песна на годината е „Посреќна“ на ДНК и Врчак.
Доделени се и признанија и за спортистите на годината – Игор Стефановски – Иџе, за македонската одбојкарска репрезентација и за одбојкарот Никола Ѓорѓиев.
Шарена, весела и долга, и овогодишната 27. Златна Бубамара на популарноста донесе цела серија цитати за помнење и моменти за прераскажување, кои нестрпливо ги очекуваме на препознавање во ТВ-преносот, за чие емитување навремено ќе известиме.

На 27. Златна бубамара на популарноста се доделени награди во 25 категории:
Тинејџерска ТВ серија – „Тин-Камп“
Балетска претстава за деца – „Петар Пан“
Трајни вредности за афирмација на танцот – Тодор Миладинов
Трајни вредности во народната музика – Нино Величковски
Трајни вредности – Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец
Посхумна награда за животно дело – Кире Костов
Спортист на годината – Игор Стефановски-Иџе
Спортски успех – Одбојкарска репрезентација
Најпопуларен спортист – Никола Ѓоргиев
Концерт на годината – Владо Јаневски
Животно дело – Драган Мијалковски
Трајни музички вредности – Жељко Самарџиќ
Актерка на годината – Наталија Теoдосиева
Најпопуларен млад актер – Сергеј Димовски
Театарска претстава – „Ало, ало“, продукција на Театар „Комедија“
Спортска легенда – Кире Лазаров
Етно песна на годината – Давид Темелков и „Моја Македонија“
Проект на годината – СИМБИОЗА -Танец и НОБ
Типографија-дизајнирање македонски кирилични фонтови – Ласко Џуровски
Дуо на годината – Александар и Дац
Пејачка на годината – Андријана Јаневска
Албум на годината – „Македонијо, во срце те носиме“
Најпопуларна нова институција – Национален џез оркестар
Награда за уникатни музички вредности – Рамбо Амадеус
Песна на годината – ДНК & Врчак – Посреќна
ФОТО: Слободан Џуриќ

ShareTweet
Претходна вест

ВО ЖИВО: Тиквеш – Вардар

Следна вест

Алкалоид славеше во Струга

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет
МАГАЗИН

Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јул/2026
ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
МАГАЗИН

ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Јун/2026
Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева
ЗАБАВА

Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јун/2026
Следна вест
Алкалоид славеше во Струга

Алкалоид славеше во Струга

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.