Естонија уште еднаш подобра од Македонија, уште еднаш, овојпат во салата на СРЦ „Кале“. По одличното прво полѕвреме во кое имавме предност од седум поени (43:36), Естонците беа подобри во второто. Доволно за да стигнат до особено важен триумф.
По двете тројки на Димитријевиќ и неговиот осми поен, Македонија се стекна со почетно, солидно водство од (16:10). Не искористивме неколку напади, момент кој Естонците го искористија за серија од седум поени,и за преземање на водството (17:16), по девет минути игра.
Но во онаа последната, новото засилување за нашиот национален тим, Хап додаде уште четири поени (вкупно осум), за да го врати водството на нашата страна.
По десет минути во СРЦ „Кале“: Македонија-Естонија (20:19).
Ненад Димитријевиќ постигна 25 поени и имаше 3 асистенции, додека блескаше и “натурализираниот” Хап со 18 коша и 10 скокови.




