Огнен Стефановски успеа да собори еден од најстарите македонски рекорди, скок со стап во сала кој датира од 1969 година
На прекрасните вести од изминатиот натпреварувачки викенд им нема крај . Македонија има нов рекордер во скок со стап во сала кој сега изнесува 3.65 метри.
Огнен Стефановски со само неколку месеци тренинг во една од неговите нови дисциплини успеа да го собори еден од најстарите национални рекорди кој датира уште од далечната 1969 година.




