Повратници во Металург се : Димитар Ристовски и Филип Фидановски кои доаѓаат од екипата на РК Скопје и Драган Стевков, кој доаѓа од екипата на РК Голден Арт.
Од суперлигашот РК Вардар Неготино во тимот на Металург доаѓа Христијан Крстаноски. Крстаноски долги години го носеше дресот на Струга, а мал дел од кариерата помина и во Куманово.
Пред почетокот на втората полусезона 2023/2024, РК МЕТАЛУРГ РА донесе 6 засилувања, млади македонски ракометари кои веќе тренираат со екипата.
Марјан Сарасов на екипата на РК Металург и се приклучи од РК Текстилец. После кратка пауза, повратник во ракометот и нов член на РК Металург е Пане Арсов кој веќе неколку месеци тренира со екипата. Претходно бил член на РК Тиквеш Кавадарци.




