Со натпреварот меѓу Пролет и вицепрвакот Алкалоид ќе започне плеј-офот во машката ракометна Суперлига во Македонија. Покрај Пролет и Алкалоид во плејофот ќе ги гледаме актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, двократниот европски првак Вардар , амбициозните Тиквеш, Охрид , Бутел и изненадувањето на сезоната Струга.
Интересно е што Струга ќе биде најстариот клуб во плејофот кој постои 75 години, додека Алкалоид најмладиот со 3 години постоење.
РК Струга е ракометен клуб од Струга, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Супер Лигата. Формиран е далечната 1949 година пред точно 75 години и ќе биде најстариот клуб во плејофот во друштво на најсилните. Тренер на тимот е Наум Танески.

РК Еурофарм Пелистер , познат и по старото име РК Пелистер – ракометен клуб од Битола, Република Македонија. Клубот е основан 1955 година и моментално се натпреварува во Супер Лигата и е актуелен шампион на Македонија. Тренер на тимот е Бранислав Ангеловски.

РК Вардар 1961 — професионален ракометен клуб од Скопје, Македонија. Вардар е најуспешен македонски ракометен клуб, со освоени 15 титули во македонската суперлига и 16 титули во купот на Македонија. Исто така, Вардар е најуспешен тим во регионалната СЕХА лига со освоени пет титули. Во европски рамки, Вардар е двократен европски шампион. Тренер на тимот е Владо Недановски.

РК Пролет 62 — ракометен клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Супер лигата. Своите натпревари како домаќин, клубот ги игра во Училишната сала Македонско Сонце. Клубот е формиран 1962 година. Тренер на тимот е Александар Јовиќ.

ГРК Охрид е ракометен клуб од Охрид, Македонија, кој моментално се натпреварува во македонската супер лига. Клубот е формиран 2011 година. Тренер на тимот е Стевче Алушовски.

ГРК Тиквеш 2014 е ракометен клуб од Кавадарци, Македонија. Клубот е формиран 2014 година и моментално се натпреварува во македонската супер лига. Тренер на тимот е Раде Стојановиќ.

РК Бутел Скопје е ракометен клуб од Скопје, Македонија. Клубот е формиран 2017 година и моментално се натпреварува во македонската супер лига. Тренер на тимот е Горан Кузмановски.

РК Алкалоид е ракометен клуб од Скопје, Македонија. Клубот е формиран 2021 година и моментално се натпреварува во Супер лигата. Тренер на тимот е Кире Лазаров.





