Даниел Димевски останува на чело на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Актуелниот претседател доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои со големо мнозинство му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат.
На собранието беа присутни 55 делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани.




