По само 2 недели од поставувањето на најдобар кариерен резултат на настапот во австрискиот ски центар Турнау, нашиот млад и надежен скијач Мирко Лазарески успеа да го подобри својот рекорд.
На слалом трката одржана во Бјелашница, Босна и Херцеговина, тој забележа одлични 55.17 FIS точки.
Мирко Лазаревски и неговиот тренер Антонио Ристевски, се подготвуваат за претстојното Светско јуниорско првенство во Франција.




