Нашата млада и надежна скијачка, Ева Милевска (16), во својата прва година од FIS натпреварите забележа одлични резултати. Изминатиот викенд во италијанскиот скијачки центар Кортина Д’Ампецо во мошне силна конкуренција успеа да освои 107.41 ФИС поени, кои ја позиционираа на 27то место.
Воедно, вредно е да потенцираме дека остварениот резултат во дисциплина спуст е досега најдобар резултат на македонска скијачка на интернационалната ски сцена.




