Mакедонските натпреварувачи во нордиско трчање Ана Цветановска и Ставре Јада, запишаа уште еден победнички викенд во македонската скијачка историја.
На FIS натпреварите кои се одржаа во романскиот ски центар Предеал, Ана Цветановска освои 1во место во 10km слободен стил. Додека пак, во машка конкуренција, најдобар беше Ставре Јада, кој на двете трки се позиционираше на шампионското 1во место.




