Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја одбележа ноќта во НБА со 73 поени во победата на Далас Маверикс над Атланта Хокс со 148-143.
Со тоа Дончиќ постави нов клупски рекорд, а воедно се израмни на четвртото место во рангирањето на НБА лигата по бројот на бодови на еден натпревар.
Дончиќ го израмни учинокот на Вилт Чембрлен и Дејвид Томпсон, а пред него се Вилт Чембрлен (100 поени, 78 поени) и Коби Брајант (81 поен).




