Најдобрата судиска двојка од Македонија и едни од најдобрите во целиот свет, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, добија награда за нивното одлично делење на правдата на Европското првенство 2024.
Начевски и Николов утре ќе судат на дуелот од полуфиналето помеѓу европскиот шампион Шведска и селекцијата на Франција.
Натпреваирот кој ќе одлучува за место во големото финале ќе се одигра утре во „Ланксес Арена“ во Келн од 17:45 часот.




