Вечерва од 18:00 часот сениорската ракометна репрезентација на Македонија во историскиот натпревар против Франција ќе го отвори Европското првенство во Германија. Македонија и Франција мечот ќе го одиграат на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф. Ова е фудбалска арена која е специјално приспособена за овој натпревар и ќе биде првиот ракометен натпревар во историјата кој ќе се одигра пред повеќе од 53.000 гледачи.
ЕХФ одлучи судии на овој натпревар да бидат Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска, а делегати ќе бидат Словакот Владимир Ранчик и Данецот Јан Капман.
На истиот терен од 20:45 часот ќе играат домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија. Да им посакаме среќа на нашите репрезентативци и добар настап на ова Европско првенство.




