Македонија славеше и на вториот контролен натпревар против Грција со 29:28 (полувреме 15:13) на натпреварот кој беше од затворен тип. Голот за победа беше дело на стружанецот Никола Костески.
Вчера машката сениорска репрезентација на Македонија славеше против Грција со 33:30 во првиот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство во Германија. Најефикасни кај нас беа Милан Лазаревски со 8 и Ненад Костески со 6 погодоци.




