Ракометната репрезентација на Македонија издвојува победа над Грција (33:30) во пријателската средба која се одигра синоќа во СЦ „Борис Трајковски“. Најдобар наш ракометар на оваа средба беше Милан Лазаревски пикерот на Вардар
Лазаревски уште еднаш потврди дека сезонава е во одлична форма и синоќа постигна 8 погодоци.
Овој натпревар не беше воопшто наивен. Грција е многу потценета репрезентација, а притоа имаме информација дека во нивниот штаб имаат француски советник кој треба да помогне во подобрување на нивното ниво. Од друга страна, нашиот селекотор добро нè подготви. Имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Имавме повеќе тактички замисли кои моравме да го испробаме и тогаш веројатно имавме осцилации. Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство.




