Денес во Струга беше официјално отворен затворениот пливачки базен. Пред присутните се обрати и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
„Среќен сум базенот од моето детство повторно е во функција. Процесот не беше лесен, патот беше тежок, но ние во ниту еден момент не се откажавме. Овој базен изникна како феникс и можам да кажам дека одново се роди гордоста на стружани. Овој базен некогаш беше место од кое излегоа најдобрите пливачи, место каде сме следеле неворојатно возбудливи натпревари, место за дружба и спортски дух! Руината во изминативе години ја оставаме зад нас и Струга повторно има затворен базен како што заслужува. Стружани и водата се како едно. Неправдата што ја доживеа овој базен е исправена. Благодарност до Владата што имаше слух и сериозно го поддржа воскреснувањето на базенот! Овој базен е на сите стружани и верувам и очекувам сите да го почитуваат и да го чуваат“ – изјави Мојсовски




