Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, е прогласен за најдобар спортист во Европа за 2023 година во традиционалниот избор на новинарските агенции.
Ѓоковиќ вкупно доби 178 бода што беше доволно по петти пат да го добие ова признание во изборот кој по 66-ти пат е во организација на Полската национална агенција (ПАП).
На второто место во овој избор е светскиот првак во Ф1, Макс Ферстапен (освои 150 поени), додека трет е шведскиот атлетичар Армандо Дуплантис, кој освои 86 поени.
На четвртото место е фудбалерот Ерлинг Халанд со 80 бода, а петото место е за Никола Јокиќ (74 поени), кој беше МВП во НБА лигата.




