Раде Стојановиќ, актуелниот селектор на младинската репрезентација на Македонија, седнува на клупата на Тиквеш во пролетниот дел од сезоната во битките за Плејофот во Суперлигата.
Стојановиќ ќе биде замената за Никола Матлиески, откако тој и клубот се разделија спогодбено.
Стојановиќ кој важи за еден од најдобрите тренери во Македонија, во минатото беше тренер во Охрид и Металург, а имаше и тренерско искуство во Катар.
Селекторот кој летото ги однесе кадетите до одличен успех и деветтото место на СП во Хрватска, ќе има тешки битки во силниот плејоф пролетва.




