Никола Митревски и неговиот Порто славеа победа во последниот натпревар во португалскиот шампионат за оваа календарска година.
Порто на домашен терен против Аванка славеше сигурна победа од 33:24 и останува на второто место во Португалија зад Спортинг.
Никола Митревски бранеше едно полувреме на овој натпревар и заврши со 41% успешност на одбраните односно имаше 7 одбрани од 17 упатени удари на неговиот гол.




