Сара Ристовска една од најдобрите репрезентативки во репрезентацијата на Македонија потпиша за силниот Рапид Букурешт.
Таа во Романија ќе игра од наредната сезона откако помина пет години во рускиот шампион ЦСКА Москва.
Сара Ристовска во ЦСКА годинава стана еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот и остави силен белег во рускиот шампион.
Таа во досегашната кариера има настапувано за Металург, Вардар, Крим и ЦСКА Москва. Ова ќе биде нејзин трет интернационален предизвик во досегашната кариера или вкупно петти нејзин клуб.




