Голден Арт го совлада Аеродром со 37:27 во елиминациите од Купот на Македонија и обезбеди пласман во Групната фаза.
На голот на Голден Арт се истакна голманот Златко Даскалоски со 16 одбрани, додека во нападот Дејан Гошевски даде 8 гола, а Марио Миланов 6. Наум Костов постигна неверојатни 16 гола на спротивната страна за тимот на Аеродром.




