Јапонскиот среден бек Хироки Мацуока од тимот на Брно кој беше соиграч на нашиот Дејан Кукуловски, потпиша за амбициозниот ракометен суперлигаш Охрид.
Изјава на тренерот Павел Хладик тренерот на Брно: „Заминувањето на Хироки е голема слабост за нас, но тоа беше неизбежно. Од неговото доаѓање, клубот доби интересни понуди од многу клубови. Последниот од македонскиот Охрид кој има големи амбиции имаше финансиски параметри кои чешкиот клуб едноставно не може да ги одбие. Хироки во нашиот дрес ќе одигра уште 4 натпревари во кои прилика да се простат имаат навивачите кои се заљубиле во него. Секако, клубот интензивно работи на засилувања, кои не треба само да го заменат Хиро!“




