Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски денес на маратонот во Валенсија (Шпанија) истрча во време од 2 часа 11 минути и 53 секунди.
Ова е нов македонски рекорд што е за повеќе од шест минути подобар од стариот рекорд кој беше негов и изнесуваше 2 часа 18 минути и 12 секунди.




