Талент Плзен на Никола Костески и Брно на Дејан Кукуловски, ќе играат меѓусебе во четвртфиналето на плеј-офот во чешкиот шампионат.
Талент Плзен во последното коло од регуларниот дел победи на гости кај Копривице со 27-30 и му помогна директно на Брно на Кукуловски откако славеа над Нове Весели со 31-25 дома да обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи во Чешка.
Никола Костески после маестралната партија во Купот одигра уште еден натпревар на своето ниво и со 4 погодоци беше помеѓу најдобрите стрелци во победата на неговиот тим. Дејан Кукуловсски на мечот против Нове Весели одигра одлично во одбраната на својот тим, додека во нападот не доби позначајна улога на овој натпревар.




