Македонскиот голман Градимир Чаневски и неговиот тим на Макаби Ришон Ле Зион одигра реми во градското дерби кај лидерот Хапоел Ришон Ле Зион со 26-26 во првенството на Израел.
Чаневски беше еден од најзаслужните за бодот на неговиот тим со 12. одбрани со кои останува во трка за прво место на табелата во регуларниот дел од сезоната во Израел.



