На 17-ти ноември, 2022г. (четврток), во големата сала на НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, своја премиера пред струшката публика, ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.
„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.
Влезот е 100 денари.
Оригинален наслов: Kajmak
Почеток на филмот: 17.11.2022
Траење на филмот: 106 Минути
Земја / година: HRV, DNK, MKD,
NLD/2022
Жанр: Комедија, Драма, Романтичен /
љубовен
Глумци: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.
Режија: Milcho Manchevski
Дистрибутер: Банана Филм
Возрасна Категорија: (16)




