Македонија славеше убедливо со 38-24 против аутсајдерот Луксембург во првото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.
„Исполнивме голем дел од договореното, но не смееме да си дозволиме пад во играта. Тука мислам на второто полувреме. Не смееме да си дозволиме таков пад против посилни противници затоа што тоа ќе нè чини многу. Мора да продолжиме со работа и останува против Турција да одиме со ладни глави“. – изјави Филип Талески пи завршувањето на натпреварот.




