Во вчерашната победа селекторот Кире Лазаров шанса за настап им даде на сите ракометари кои беа во составот на Македонија против аутсајдерот Луксембург.
На голот на нашата репрезентација во првото полувреме блескаше капитенот Никола Митревски со 8 одбрани од 15 удари или фантастични 53%. Во вториот дел одлично се покажа и Кизиќ со 6 интервенции. Во листата на стрелците се запишаа сите ракометари во нашата репрезентација со исклучок на Никола Маркоски кој играше само во одбраната и нашите голмани.





