Ракометарите на Бутел Скопје вечерва ќе го започнат третиот настап во Европа. Противник ќе им биде Алпла Хард вицепрвакот во Австрија.
Натпреварот меѓу Алпла Хард и Бутел Скопје ќе се игра во салата „Покрај езерото“ со почеток во 18:45 часот. Реваншот е следната недела во Скопје. Подобриот од двомечот ќе обезбеди пласман во групите во Лигата на Европа.





