Македонската ракометна репрезентација се пласира на Светското првенство откако беше подобра во двата бараж дуели. Во првиот двомеч подобри бевме од Романија, за синоќа после победата над Чешка да го потврдиме новото учество на Светско првенство.
Филип Талески со вкупно 23 гола во четирите бараж натпревари беше најдобар стрелец во Македонија. Воедно Талески беше и нашиот најдобар играч во одбрана. Веднаш после него беше Филип Кузмановски со 22 погоди, а трет беше селекторот Кире Лазаров со 19 голови.




