Дарио Ивановски денес стана балкански првак и постави национален рекорд во полумаратон на трката во Тирана, Албанија.
Поставувајќи национален рекорд со време од 01:04.54 часа, Ивановски прв мина низ целта на полумаратонската трка.
24-годишниот Ивановски има победи од полумаратонските трки во Белград и Скопје во 2017 година, четврто место на Балканското првенство во Истанбул година подоцна и сега стана државен рекордер.
На минатогодишното Балканско првенство во полумаратон на трката ТРЧАЈ БЕ – Битола, Ивановски го зазеде третото место, го струши националниот рекорд и освои бронзен медал.
Уште една убава вест, Македонија предводена од националната репрезентација составена од Дарио Ивановски и Атанас Анчевски е второпласирана на годишнашново Балканско првенство во полумаратон во Тирана, од вкупно 22 земји учеснички. Атанас Танчевски со време 1:12.05 часа го освои 6-то место.




