Струга рутински го совлада тимот на Радовиш во 3.коло од плеј-аутот на Суперлигата со 28:20.
Владо Кастратовиќ со 7 гола, и Жарко Барјактаревиќ и Петар Маркоски со по 6 гола беа најефикасни кај домаќинот, додека најдобар во екипата на Радовиш Бобан Каковски со 5 гола. На голот на Струга добра вечер имаше голманот Печурица кој запре многу удари на гостите.




