Македонија ја совлада Романија со 30-22 (полувреме 16-13) во првиот натпревар од баражот за Светското првенство.
Филип Талески денес беше убедливо нашиот најдобар ракометар со 10 голови во нападот и фантастична игра во одбраната во тандем со Никола Маркоски. На голот одличен беше Никола Митревски кој одбрани неколку зицери на гостите и донесе голема предност пред реваншот во сабота.




