Борац имаше одличен почеток и трета четвртина, доволно да ги победи битолчани (101:86) и да остане лидер во втората АБА лига
Кошаркарите на Пелистер остануваат на една победа во регионалното натпреварување. Ниту во вториот обид во Сараево, не успеаја да го поправат ефектот кој го оставија во претходните два турнири од АБА 2 лигата.
Водечката екипа во ова натпреварување, Борац од Бања Лука се покажа како подобар ривал.
Беа подбри во првиот, убедливи и ефикасни во третиот квартал, доволно за продолжување на победничката серија.
Пелистер останува на една победа во сега веќе шест одиграни натпревари, два од нив во Сараево. Во третиот и последен во „балонот“ во главниот град на БиХ, закажан за 18.декември (сабота) од 12.часот, битолчани ќе играат против Златибор.
А утревечер, со почеток од 21.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе ги одмери силите со домаќинот на овој турнир, екипата на Спарс.



