Во неодамнешното интервју за „The Sunday Times Style“, италијанската актерка Моника Белучи зборуваше за стареењето, за начинот на кој го одржува својот изглед, но и за прифаќањето на сопствените години.
Како што изјави, 57-годишната актерка не се плаши од стареење, бидејќи го прифатила овој животен процес.
„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин“, изјавила таа за „The Sunday Times Style“.
Коментирајќи го својот изглед, таа открила дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, бидејќи повеќе сака вино и тестенини, но повремени пилатес сесии.



